Бајден на средба со лидерите на Египет и Катар: Ни треба шестнеделен прекин на огнот во Газа

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден разговараше со египетскиот претседател Абдел Фатах Ал Сиси и со емирот на Катар Шеик Тамим Бин Хамад Ал Тани за војната во Газа.

Бајден, на одделни состаноци со Сиси и емирот на Катар, разговараше за војната во Газа и нивните напори да обезбедат ослободување на заложниците кои ги држеше Хамас.

Американскиот претседател му се заблагодари на Сиси за водството на Египет во испораката на хуманитарна помош во Газа.

-Лидерите нагласија дека ослободувањето на заложниците ќе резултира со итен и траен прекин на огнот во Газа за период од најмалку шест недели, извести Белата куќа по разговорите со Сиси и катарскиот емир.

Тие разменија мислења за тоа како таков продолжен период на затишје може да се вклучи во нешто потрајно.

Тие, исто така, разговараа за плановите за зголемување на хуманитарната помош за Газа и за тоа како прекинот на огнот според договорот за заложници дополнително ќе помогне да се овозможат тие напори и да се обезбеди помошта да стигне до цивилите на кои им е потребна низ Газа.

Би можело да ве интересира

Најмалку 19 лица загинаа во нови израелски напади врз Газа

А1он

(ВИДЕО) Бајден го одржа првиот говор откако ја напушти Белата куќа, веднаш го нападна Трамп

Горан Наумовски

Десет членови на едно семејство, меѓу кои седум деца, загинаа во израелски напад во Газа

Во израелскиот напад на градот Газа загина најмалку 23 лица

(ВИДЕО) Израел призна вина за убиството на 15 работници на Итната помош во Газа

Бројот на загинати Палестинци во израелските напади врз Газа се искачи на 62