Велика Британија обезбедува помош за Украина и практично е вклучена во конфликтот, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков за руската RTVI.
– Општо земено, за никого не е тајна дека Британците навистина обезбедуваат различни форми на поддршка на Украина. И на луѓето на теренот, и на разузнавачите и така натаму. Односно, тие се практично директно вклучени во овој конфликт – изјави претставникот на Кремљ.
Изјавите на Песков се однесуваат на напис во Тајмс во кој се тврди дека британскиот министер за одбрана Грант Шепс наводно тајно и помогнал на Украина да развие борбени планови, јави ТАСС.
Портпаролот додаде дека не е запознаен со деталите, ниту дали се вмешани други официјални лица, но посочи дека руската армија веројатно има повеќе информации.