СДСМ: Бизнисот во Куманово стана парализиран пациент

Од:

Претседателот на Општинската организација на СДСМ од Куманово, Мартин Костовски денес даде изјава по повод акцијата на инспекторите на УЈП, со која се затворија неколку објекти низ градот.

– Инспектори од УЈП од Штип, Крива Паланка и други градови, чукаат на врата на секој дуќанџија и во ист момент му изречуваат казна и го затвораат неговиот објект. Куманово во последните денови е излепено во жолтата трака на УЈП, бизнисот се претвора во парализиран пациент кој лежи во болничка постела и бара помош-изјави Костовски.

Тој нагласи дека додека СДСМ и градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски прават напори за привлекување на инвестиции, за отворање на нова индустриска зона, УЈП ги затвора постоечките.

– Се надевам дека ќе го оставите градот слободно да дише, луѓето чесно и домаќински да заработуваат за своите семејства-наведе претседателот на СДСМ од Куманово.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Почина д-р Јордан Пачков – хроничар на Куманово

А1он

Фрчкоски: 93 тендери вредни 18 милиони евра за Мастеф – омилената фирма на власта

А1он

(ВИДЕО) Манасков: Булинг, ножеви и тепачки во училиштата, СДСМ бара одговорност од Јаневска и директорите

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ, тој сака власт без контрола и без одговорност

Колку ќе ги чини граѓаните Дејвид Гета и како е одлучено за фирмата организатор без тендер, прашува СДСМ

СДСМ: Премиерот и обвинителот си се договараат по телефон за предмети и тек на истрага