Вучиќ: На самитот во Тирана со почит се слушаше гласот на Србија

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека денеска со почит се слушал гласот на Србија на самитот Украина-Југоисточна Европа во Тирана и дека со претседателот на Украина Володимир Зеленски досега имал најотворен разговор.

„Ми се чини дека овде со почит се слушаше гласот на Србија, можеше да се слушне од водителот, но и од многу други, па дури и од претседателот Зеленски, кој кога зборуваше покажа почит кон Србија, но и за времетраењето на нашата билатерална средба“, изјави Вучиќ за РТС.

Тој истакна дека со Зеленски досега имал најотворен разговор за сите важни теми.

„Сега двете земји се на европскиот пат. Разговаравме за територијалниот интегритет на двете земји, почитувањето на Повелбата на Обединетите нации. Разговаравме и за други важни теми, иницијативи за мир и како да се постигне мир“, рече Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Трамп обезбеди прекин на огнот во Газа уште пред да ја преземе функцијата

Вучиќ: Се подготвува голема реконструкција на Владата на Србија

Горан Наумовски

Брнабиќ ќе поднесе потписи за референдум за доверба на претседателот Вучиќ

(ВИДЕО) Поддршка за Александар Вучиќ во Скопје

Горан Наумовски

Вучиќ: Уште една лоша вест, не можеме да очекуваме повеќе гас од Азербејџан

Горан Наумовски

Вучиќ: Странски служби го бараа убиецот од „Рибникар“

Горан Наумовски