Ердоган: Дајте и шанса на дипломатијата, Турција е подготвена да биде домаќин на преговорите меѓу Русија и Украина

Од:

Турција е подготвена уште еднаш да биде домаќин на преговорите меѓу Русија и Украина во Истанбул, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и нагласи дека треба да и се даде шанса на дипломатијата.

– Подготвени сме уште еднаш да бидеме домаќини на мировните преговори во Истанбул, кои претходно се одржаа во овој град, рече Ердоган во видео пораката до учесниците на самитот Југоисточна Европа-Украина во Тирана.

Тој нагласи дека мора да се даде шанса на дипломатијата и дијалогот за да се заврши војната со праведен и одржлив мир, а за постигнување на оваа цел е исклучително важно да се користат сите „видови дипломатски канали на највисоко ниво“.

Ердоган изјави дека е неопходно да се работи заедно за да се дефинираат општите параметри на мирот.

„Во тој поглед, ние, во принцип, го поддржуваме мировниот план на Зеленски од десет точки“, рече Ердоган.

Според турскиот лидер, Анкара прави напори во однос на делот од планот на Зеленски кој се однесува на безбедноста на храната, јавува Анадолија.

„Подготвени сме повторно да ја воспоставиме преговарачката маса што ја поставивме претходно во Истанбул со цел градење мир. Во оваа прилика се надевам дека духот на солидарноста што се вкорени во нашата заедничка географска област, на Балканот, преку процесот на соработка меѓу земјите од Југоисточна Европа ќе се прошири и на нашата блиска географска област“, ​​рече Ердоган.

Би можело да ве интересира

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

Зеленски за рускиот напад на Днепар: Мора да извршиме притисок врз убијците

Дете загина во експлозија на нагазна мина во регионот Белгород

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски

Данска ќе испрати војници на обука во Украина

Калас: Не знам зошто Трамп го обвини Зеленски за војната во Украина