Македонскиот народен театар хуманитарно ќе го одбележи својот 79. роденден со изведба на претставите „Силјан Штркот Шанца“ и „Сите сме птици“.
Средствата од продадените билети ќе бидат наменети за лекување на Леонид Индов информираа од МНТ.
Леонд е на лекување во Виена, а Фондот за здравство го одби барањето за покривање на трошоците.