ВИДЕО: Полицаец од Крушево фрлил класифицирани документи во ѓубре

Од:

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран и сериозен криминал, поднесе кривична пријава против З.Н., полициски службеник во Полициската станица од општа надлежност при СВР Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „одземање или уништување службен печат или спис“, казниво по член 390 од Кривичниот законик, информираше Министерството за внатрешни работи.

– На 20.02.2024 во гаражата на ОВР Крушево, каде што биле одложени на чување службени материјали за чување во картонски кутии, земал дел од кутиите со службени материјали, меѓу кои имало и документи со одреден степен на класификација, и ги фрлил во приколка на Ј.П. „Комуна“, која во тој момент вршела редовно подигање на смет, со што уништил книги или спис што му припаѓаат на државен орган ОВР Крушево, се вели во соопштението од МВР.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднел предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и изрече задолжителна мерка отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка.

Би можело да ве интересира

Со автомобилот излетал од патот, 72-годишник го загуби животот

Скопјанка пронајдена почината во училиште, скопјанец во семејниот дом, телата на обдукција

Се судриле автобус и автомобил во Скопје, во несреќата прегазена 26-годишна девојка

Единаесетмина повредени во сообраќајка на патот Куманово-Свети Николе

ВИДЕО: Голема ескалација, проектилите на Хезболах стигнаа до предградие на Хаифа

Опожарени два автомобила во Скопје, еден оштетен од заталкан куршум