ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

Од:

Државното претпријатие „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ) ќе набави 82 нови теренски возила за потребите на дирекцијата и на своите подружници за кои ќе плати 2,3 милиони евра со ДДВ.

Оваа компанија склучи договор за јавна набавка на теренски возила со погон на сите оски (4х4) за своите подружници со компаниите „Аутомотив Груп“ и „Еуроимпекс ДОО“ кои ќе треба да испорачаат 82 возила „Дачија дастер“ и „Пежо 2008“.

ЕСМ порачало 20 возила од моделот „Дачиа Дастер Екстрем 1.5дци 4х4“, 10 возила од „Дачиа Дастер џурни 1.5 дци 4х4“ и 22 возила од моделот „Дачиа Дастер Експрешн 15.дци 4х4“.

Од „Еуроимпекс“ треба да стигнат 30 возила „пежо 2008“ наменети за дирекцијата на ЕСМ и за некои подружници. Десет од овие СУВ-возила ќе заминат дирекција, 8 во РЕК Битола, а останатите во другите електрани ширум земјава.

Возилата „дачиа“ ќе се распоредат во дирекцијата и подружниците низ Македонија, а една третина од возилата ќе завршат во РЕК Битола.
Моделите на „дачиа„ се движат од 24 до 26 евра во зависност од опремата а според основните карактеристики кои ЕВН ги побарало во понудите, возилата мора да имаат манулен менувач, погон на сите четири тркала, неколку стандардни системи за безбедност (АБС, ЕСП, воздушни перничиња), автоматски клима уред, мултимедијален екран на допир и лед осветлување.

Овие модели чинат многу помалку од возилата кои ги набави „ЈП Национални шуми“ и чинеа по 35.000 евра, а имаа многу помалку дополнителна опрема.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: ДЗР откри неправилности во работењето на АД ЕСМ за период од 2019 до 2022 година

АД ЕСМ: Набавуваме електрична енергија поради нискиот хидропотенцијал

ЕСМ: Соработката со потрошувачите е клучна за претстојната грејна сезона

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Има сомневања за сериозни злоупотреби во АД ЕСМ

Предраг Петровиќ

АД ЕСМ: Грејната сезона продолжува поради временските услови

Изборот за нов универзален снабдувач обвиткан со тајност