Кога некој ќе го спомене Холивуд, прва асоцијација најверојатно ќе биде, богати и славни. Меѓутоа, постои и едно друго лице на Холивуд, лице кое не се гледа често и кое останува во сенка на гламурот.
Новозеландскиот фотограф, Мајкл Фаро (22) реши на светот да му го прикаже толку тој контраст на раскошот и немаштијата на Холивуд.
За време на одморот во САД, Фаро решил целосно да ги занемари вилите и филмската индустрија и да се позанимава со страдањата на оние кои живеат на улица.
Тој тврди и дека длабоко го погодиле приказните за тоа како овие луѓе завршиле на улица.