Обилниот дожд им предизвика проблеми на жителите на долината Неретва, особено во Чапљина во Босна и Херцеговина и Метковиќ во Хрватска, каде што беа поплавени бројни подруми и земјоделски површини.
Откажан е и фудбалскиот натпревар меѓу „Широки Бријег“ и „Железничар“ во Читлук бидејќи теренот бил целосно поплавен, пренесува Срна.
Низ Херцеговина врне пороен дожд кој вечерва постепено ќе слабее и ќе престане.
Порталот „BHMeteo.ba“ пренесува дека се повеќе песок пристигнува од северот на Африка, па станува збор за „валкан дожд“.