Иран денеска ги осуди последните напади на Соединетите Американски Држави и Велика Британија врз Јемен.
Тие ги обвинија тие земји дека сакаат да ги „ескалираат тензиите и кризите во регионот“.
„Со ваквите напади, Америка и Велика Британија се обидуваат да ги ескалираат тензиите и кризите во регионот и да го прошират опсегот на војна и нестабилност“, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Насер Канани во соопштението.
Тој додаде дека таквата „произволна и агресивна воена операција“ нема да им донесе ништо на „државите агресор“, пишува „Тајмс оф Израел“.
Канани ги осуди САД и Обединетото Кралство што не преземаат „итни и ефективни мерки“ за запирање на израелската војна против Хамас во Појасот Газа, по нападот на палестинската група врз јужен Израел на 7 октомври.
САД и Велика Британија извршија напади врз 18 цели на Хутите во саботата, вклучително и подземни складишта за оружје и ракети во Јемен.
Нападите беа врз цели на Хутите на осум локации и вклучија системи за противвоздушна одбрана, радари и хеликоптер, изјавија официјални лица.
Хутите, кои го контролираат поголемиот дел од Јемен, почнаа да гаѓаат комерцијални бродови на 19 ноември во знак на протест против израелските напади на Појасот Газа.
Како одговор, САД и Велика Британија започнаа напади врз цели на Хутите во Јемен и ја нарекоа групата како терористичка група.