(ВИДЕО) Димитров: РЕК Битола ни е стожерот на енергетиката и ние не смееме лесно да се откажеме од него

Од:

РЕК Битола ни е стожерот на енергетиката и ние не смееме лесно да се откажеме од него. Како што кажа колегата, професор Христијан Мицкоски, тука ќе се работи до крај да се искористи, да се искористат нашите сопствени примарни енергетски ресурси кои што ги немаме многу. Ние немаме течни горива, гасни, јагленот ни е единствениот извор и обновливите, вели професорот Константин Димитров на денешната дебата во Битола „Енергетска платформа за иднина“ на тема „Концепт за инвестиции во енергетиката“.

Тој додаде дека обновливите енергетски ресурси не ја задоволуваат целосно базна енергетска потреба, туку дека тие ја надополнуваат, затоа итно мора да се пристапи, освен модернизација, стабилизирање на погон во РЕК Битола, во изградба на две когенеративни постројки на природен гас.

„На народски јазик кажано, овој збор когенеративно значи, едновремено производство на електрична и топлинска енергија во една иста постројка. Затоа што во таквата постројка се обезбедува највисок степен на искористување на примарната енергија на природниот гас. За да биде јасно, во нашиот РЕК Битола од енергијата од јагленот вложуваме три единици за да добиеме една како електрична енергија, овдека од една вложена 80% ќе вратиме, 50 проценти како електрична енергија и она што инаку е отпад и оди во ладилните кули во Битола, овде ќе произведеме топла вода со температура која што е негдека 90-тина степени. И веднаш на секој му станува јасно што ќе правам со таа топла вода. Ќе ја обезбедам греење на граѓаните и ние вели две во Битола и во Скопје веднаш“, рече Димитров.

Додаде дека веднаш кога ќе дојде влада на ВМРО-ДПМНЕ, ќе го почне процесот на проектирање, размислување и почеток на изградба, можеби ќе бидат две веројатно е добро да бидат две еднакви затоа што и поевтино е да се набават такви, и потоа резервни делови секогаш се помагаат.

„Предноста на ова, освен поголемото енергетско искористување е тоа што обезбедуваме топлинска енергија за градовите Битола и Скопје. Болно прашање е во Битола, после толку години, после проектите кои што преку техничкиот факултет пред 30-тина години ги работевме, после 10 години кога работевме на студијата за топлификицаја на Битола, само да се изработи цевководот да дојде до градот, а во градот не знам до каде е работата, ќе се обезбеди поевтина енергија. Јасно е дека топлинската енергија е многукратно поевтина, барем за 50% во однос на енергијата произведена во водогрејни котли“, истакна Димитров.

А освен поевтина топлинска енергија, професорот Димитров посочи дека добиваме и највисок домашен стандард во комфорот.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Цели 13 години на ДУИ додека беше на власт не му сметаше што Јени Џамија е споменик на културата

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

ВМРО-ДПМНЕ: Јавноста имаше можност да ја види целата мизерија на СДС и Левица

Горан Наумовски

Лозановска: Трагата од претходната влада е загаден воздух, седум години крадење и празни ветувања

Мицевски: Изразувам огромна згрозеност од недоличното, безобразно и срамно однесување на претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев

Горан Наумовски