(ВИДЕО) Каевски: Со СДСМ над 1.000 евра просечна плата и минимална плата од 600 евра во новиот мандат

Од:

Економските политики на СДСМ значат поголеми плати и повисок животен стандард на граѓаните. Просечната плата СДСМ успеа да ја покачи на историски највисоко ниво од 40.000 денари! Тоа се 650 евра. Во времето на ДПМНЕ, просечната плата беше едвај 22.000 денари или 360 евра. СДСМ не само што го исполни своето изборно ветување за 500 евра просечна плата туку и го надмина на 650 евра, изјави Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

– Денеска просечната плата е за 290 евра поголема од времето на ДПМНЕ, речиси двојно. СДСМ го вреднува и го почитува трудот на работниците, со СДСМ има повеќе за сите. А ДПМНЕ ги сметаше работниците за евтина работна сила и парите наместо за граѓаните ги фрлаше на споменици и стиропор. Поголеми плати значат повеќе пари во џебот на граѓаните, повисок и подобар животен стандард. Затоа СДСМ и во новиот мандат, во новата програма. Ќе работиме да дојдеме до над 1.000 евра просечна плата и минимална плата од 600 евра. Со правилни политики ова е достижно, затоа што ние покажавме дека овие историски највисоки нивоа кои денес ги имаме, се исто така достижни – рече Каевски.

СДСМ јасно го кажа во многу наврати нашиот став дека кандидатот за претседател треба да се бира на непосредни избори и ова барање не е ништо ново, се слушаше и во изборите во 2019 и 2020 година, сметаме дека нема потреба да се назадуваме во демократијата, рече Каевски.

– Важно е дека кандидатот на СДСМ ќе биде поддржан од сите етнички заедници и ќе биде поддржан од најголемиот дел на нашите граѓани и ќе биде победник на претседателските избори. Оттука не очекуваме дека ќе бидат бојкотирани претседателските избори од било која политичка партија и очекувам голема поддршка за канидатот на СДСМ – нагласи тој.

Би можело да ве интересира

Каевски: Мицковски велеше дека додека е жив нема да го признае Преспанскиот договор, а сега нивниот министер казнува зошто не се сменети документите

А1он

(ВИДЕО) Каевски: СДСМ поднесува законски измени за продолжување на важноста на возачките, сообраќајните и осигурителните полиси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Каевски: За хаосот со ѓубрето во Скопје одговорноста е кај Мицкоски и градоначалниците на ДПМНЕ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Каевски: Пристапувањето кон ЕУ обезбедува пристап до европските фондови

Горан Наумовски

Каевски: СДСМ создава подобри услови за младите

Каевски: Секој што и мисли добро на државата треба да учествува на пописот