Дваесетина уапсени на антивладините протести во Тел Авив

Од:

На антивладините протести во Тел Авив е уапсено 21 лице поради „незаконско собирање“ и нарушување на јавниот ред и мир, соопшти израелската полиција.

– За жал, видовме голем број демонстранти кои дојдоа со цел да се пресметаат со полицијата, а не заради легитимен протест, се додава во полициското соопштение.

Полициските сили во Тел Авив употребија водени топови за да ги растераат демонстрантите на тротоарот на улицата Каплан. Полицајците ги туркаше демонстрантите кои се обидуваат да ја пробијат полициската блокада додека извикуваат „Ти си главен, ти си крив“, мислејќи на премиерот Бенјамин Нетанјаху, пишува The Times of Israel.

Според полицијата, демонстрантите ги блокирале патиштата во области надвор од претходно одобрените граници на протестот. Демонстрантите повикаа на ослободување на заложниците кои ги држеше палестинската милитантна група Хамас.

„Израелските војници нема да ги ризикуваат своите животи на бојното поле доколку не бидат вратени заложниците кои се држат во Газа“, рече Амирам Левин, генерал-мајор на резервите, обраќајќи се пред толпата граѓани на плоштадот во Тел Авив.

Левин, поранешен командант на Северната команда на израелските одбранбени сили и заменик-шеф на Мосад, повика на враќање на 134 заложници за кои се верува дека ги држи Хамас во Газа.

„За жал, ни претстои период на војна, можеби сериозна, и ќе ни треба силна армија и илјадници борци подготвени да ги ризикуваат своите животи на бојното поле, но без морална победа тоа нема да се случи“, рече Левин.

Би можело да ве интересира

Град Скопје: Срамно е да се злоупотребува најзагрозеното малцинство за политички цели

Спречен обид за антивладини протести во Киргистан, уапсен се наводните лидери на бунтот

Цицвариќ најави голтање солзавец и враќање на ДОС

(ВИДЕО) Пожар во Градска куќа во Нови Сад

Горан Наумовски

Демонстрантите влегоа во клинч, додека други ги искршија стаклата на Градското собрание во Нови Сад

Демонстрантите истурија фекалии во Градското собрание на Нови Сад

Горан Наумовски