(ВИДЕО) Голем пожар во Кина, загинаа најмалку 15 лица, 44 се повредени

Од:

Во пожар што избувна во повеќекатница во кинескиот град Нанџинг, загинаа 15 лица, а најмалку 44 лица се повредени. Истрагата е во тек, а се претпоставува дека пожарот го предизвикале електрични велосипеди кои се запалиле.

Пожарот избувнал во 4.39 часот по локално време, во складиштето за електрични велосипеди сместено во приземјето на зградата. Медиумите јавуваат дека жителите ги разбудиле звуците на експлозијата, по што виделе дека пожарот се шири кон горните катови.

На видеата објавени на социјалните мрежи се гледаат жителите на највисоките катови кои повикуваат на помош од прозорците. Најмалку 44 лица се повредени, а повеќе од 500 жители на зградата се сместени во хотели.

Би можело да ве интересира

Кина му одговори на Трамп: Ние сме подготвени да се бориме до крај

(ВИДЕО) Прогласена е вонредна состојба на Лонг Ајленд

Горан Наумовски

Противпожарните екипи се борат со неколку пожари на Лонг Ајленд

ЦУК: Пожар во куќа кај катлоновско Блаце

Кина воведува царини за Канада

(ВИДЕО) Голем пожар над Сараево, пожарникарите се борат да го спречат ширењето на пожарот