Трамп: Поради обвиненијата против мене, имам поголема поддршка од Афроамериканците

Од:

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп рече дека поради четирите кривични обвиненија поднесени против него, тој има поголема поддршка меѓу Афроамериканците „бидејќи го гледаат како жртва на дискриминација“, споредувајќи го она што му се случува со историското наследство на предрасудите кон Африканците.

„Не сум обвинет за ништо, за нешто што не е ништо“, рече Трамп на собирот на афроамериканските конзервативци во Јужна Каролина, пренесе АП.

„И многу луѓе рекоа дека тоа е причината зошто Афроамериканците ме сакаат, затоа што беа многу повредени и дискриминирани и всушност видоа дека сум бил дискриминиран и јас. Тоа е прилично неверојатно, но можеби има нешто во тоа“, рече Трамп.

Би можело да ве интересира

Трамп се предомисли, ќе гласа против заштитата на правата за абортус

САД: Трамп поддржа легализација на поседување и купување марихуана за лична употреба

Горан Наумовски

ВИДЕО: Харис ја зголеми предноста пред Трамп

Трамп ги обвини Бајден и Камала Харис за неодамнешниот обид за атентат врз него

Горан Наумовски

Трамп предупредува: Влегуваме во Третата светска војна

Против Трамп е покренато ново обвинение