ВМРО-ДПМНЕ: Целта на раководството на ЕСМ, е да ја затвори термоелектраната Осломеј, преку криминални договори и на тој начин, илјадници луѓе да изгубат работа

Од:

На 14 февруари 2024 година Електрани на Македонија, склучува криминален договор, од речиси два милиони евра, секако со омилениот бизнис партнер на власта, Борче Марковски, инаку почесен конзул на Белорусија во Република Македонија. Овој тендер се однесува на специјализирани браварско-заварувачки работи, за дислокација на погонски станици од рудникот во Осломеј во рудникот во Битола. Истиот има само една понуда и проценетата вредност до денар одговара на понудената вредност, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Односно, 106 милиони и 200 илјади денари е проценета вредност, 106 милиони и 200 илјади денари е понудата и има само еден понудувач, а тоа е Марковски. Очигледно Марковски има супер моќи и од една милионска цифра, точно до денар ја погодиле сумата. Истата компанија Марковски, од 2021 до денес, има добиено преку 163 милиони евра во тендери од Електрани на Македонија.

Целта на раководството на Електрани на Македонија е да ја затвори оваа термоелектрана и на тој начин илјадници луѓе од Кичево и кичевско да ja изгубат сопствената работа. Ова е чист грабеж на буџетот и граѓаните. ЈО мора да реагира веднаш, а не да молчи при очигледен криминал. За сите инволвирани во овој случај ќе има одговорност за неколку месеци, граѓаните да бидат сигурни, дека одговорноста и правдата нема да изостане. Никогаш не било полошо! Важно е да ги поразиме – се вели во писмената реакција.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито