Јанкулоска: Шилегов ќе објаснува на суд

Од:

Тоа што портпаролот Шилегов не разбрал дека сите надлежни институции го демантираа, е негов личен проблем. Сите тие потврдија дека тој и СДСМ ја лажат и ја манипулираат јавноста, така што неговиот личен проблем и проблемот на неговата партија да не ги почитува и да не ги разбира институциите, ќе си го решава пред надлежниот суд.

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска вака реагираше на прес – конференцијата на портпаролот на СДСМ Петре Шилегов, при што нагласи дека за неа е важно граѓаните да добијат јасна претстава за лагите и манипулациите со кои СДСМ се обидува да ја прикрие безидејноста и немањето капацитет.

– За мене е важно дека граѓаните ги почитуваат и разбираат институциите давајќи поддршка на реформите и работењето седум пати по ред, истакнува Јанкулоска во реакцијата.

Навистина е тажно, вели, дури и за оние граѓани кои изминативе седум години не и свртеа грб на погубната политика на СДСМ, да гледаат како портпаролот Петре Шилегов, упорно продолжува да ги чита партиските нарачки за фронтален напад и девалвирање на институциите.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи