Американските гласачи се главно скептични дека претседателот Џо Бајден е ментално способен за втор мандат, а повеќето мислат дека не е ниту неговиот најверојатен ривал на изборите, Доналд Трамп, според истражувањето на Универзитетот Квинипијак, чии резултати беа објавени денеска. .
Според истражувањето, 64 отсто од испитаниците рекле дека Бајден (81) не е ментално способен за втор мандат, а 51 отсто од нив сметаат дека не е ниту Трамп (77). Истражувањето исто така покажа дека Бајден води пред Трамп со четири процентни поени, иако две третини од гласачите веруваат дека Бајден е премногу стар за нов мандат.
Анкетата на YouGov за Економист, чии резултати исто така беа објавени во средата, покажа дека Бајден е еден процентен поен зад Трамп. Многу други анкети покажуваат дека Трамп е во поголемо водство. Но, изборите се одржуваат дури во ноември, а јавното мислење дотогаш може многу да се промени.