Градот Скопје почнува хуманитарна акција за лекувањето на Леонид Индов

Од:

Од утре се отпочнува со хуманитарна акција во сите 50 градски јавни претпријатија, градски јавни установи и средни училишта во кои вработените и сите граѓани што ги посетуваат овие институции ќе може да придонесат за лекување на Леонид, кој во моментов се наоѓа на лекување во Австрија.

Дополнително, во Петок 23.02.2024 година во 12 часот, во средното училиште на Град Скопје Георги Димитров ќе се одржи голем хуманитарен базар на рачни изработки од средношколци од сите 23 средни училишта под надлежност на Град Скопје.

Градот Скопје е град на солидарноста, хуманоста и грижата, за доброто на нашите деца и за најранливите категории граѓани на кои сме им најпотребни, наведуваат од Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Град Скопје: Трајко Славески не прифати седница за донирање на месечните паушали за Леонид

Предраг Петровиќ

Се огласи Фондот за Леонид: Одобруваме лекување во странство кога нема можности тука, а за ова заболување имаме третман

Ангелов: Немам дилеми дека требаше да се изврши медицинскиот транспорт на Леонид, стојам на располагање на сите

Предраг Петровиќ

Со камери и хеликоптер го носеа до Виена, а сега Фондот одбил да го плати лекувањето за Леонид

Анита Петровска Рајковиќ