Ангелов: Немам дилеми дека требаше да се изврши медицинскиот транспорт на Леонид, стојам на располагање на сите

Од:

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов на денешната прес-конференција во врска со лекувањето на Леонид Индов во Виена посочи оти нема дилеми дека требаше да се изврши медицинскиот транспорт. Тој потенцираше дека во иднина стојат на располагање на македонските граѓани на кои им е неопходен медицински транспорт.

-На 4 јануари оваа година на електронската пошта на ЦУК пристигна меил од господинот Бранко Индов, во кој побара медицински транспорт со хеликоптер од Скопје до Виена во Австрија, за неговиот син Леонид Индов кој е болен од параплегија, не може да ги движи рацете и нозете, диши со помош на подвижен респиратор и е поврзан со катетер, рече Ангелов.

Тој појасни дека откако го разгледале барањето, стапил во контакт со таткото Бранко, кој го дообјаснил своето барање, повторувајќи дека е пожелно транспортот да се изврши во периодот од февруари до март оваа година.

Воедно, таткото укажал дека е подготвен транспортот да го плати приватно, нешто што стои во прилог на самото негово барање.

-Врз основа на барањето на таткото Бранко Индов, ЦУК до МВР поднесе барање за медицински транспорт со хеликоптер на болно лице. МВР одговори позитивно на нашето барање и продолжи со директна комуникација со родителот, започнувајќи ја процедурата за конкретниот медицински лет. Притоа, повратно бевме информирани, а тоа можевме да го слушнеме и од тогашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски како и од директорот на болницата „8 Септември“, доктор Костов, дека летот за пациентот ќе биде бесплатен, односно на трошок на МВР, рече Ангелов.

Тој потенцираше дека до ЦУК нема други повратни информации.

-Како директор на ЦУК немам дилеми дека требаше да се изврши овој медицински транспорт, воедно и во иднина стоиме на располагање на македонските граѓани на кои им е неопходен медицински транспорт, појасни Ангелов.

Инаку, Леонид на 6 февруари замина во Виена за да добие третман со кој ќе може да се ослободи од респиратор и да може да почне самостојно да дише. Тој беше првиот пациент транспортиран со полициски хеликоптер до Виена.

Но, од ФЗО го одбија барањето образложувајќи дека не се работи за упатување на лекување во странство, туку за извршување на здравствената услуга медицинска рехабилитација како продолжено болничко лекување.

Би можело да ве интересира

Град Скопје: Трајко Славески не прифати седница за донирање на месечните паушали за Леонид

Предраг Петровиќ

Градот Скопје почнува хуманитарна акција за лекувањето на Леонид Индов

Се огласи Фондот за Леонид: Одобруваме лекување во странство кога нема можности тука, а за ова заболување имаме третман

Со камери и хеликоптер го носеа до Виена, а сега Фондот одбил да го плати лекувањето за Леонид

Анита Петровска Рајковиќ