Добро вели Андреј Жерновски дека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се две страни на една иста пара.
Аргумент повеќе кон тоа е што истите навики кои што ги имаше ВМРО-ДПМНЕ до февруари 2013 со постојани напади врз мене, сега ги имаат од СДСМ, и притоа целосно неаргументирано, вели во денешната реакција градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски.
„Мене ми е искрено жал што се уште се дезориентирани и не можат да ја определат својата политичка цел. Загубени во маглата и сивилото на нивниот црно-бел свет, очигледно се обидуваат или да ја дефокусираат македонската јавност или да воведат колорит во изборот на непријатели. Сакам да им помогнам и да ги насочам дека нивна политичка цел и противник треба да биде Никола Груевски.
Моето мислење е дека немаат трошка кредибилитет било кого да обвинуваат за злоупотреби во момент кога нивниот лидер Зоран Заев е до гуша во корупциски скандали.
Освен плукањето, СДСМ немаат друга понуда на политичката сцена. Постојано плукаат по фамилијата на Никола Груевски, а притоа она што тие го нудат – е фамилијата на Зоран Заев.
Со такавата понуда граѓаните на Република Македонија нема да се согласат, посебно не карпошани, кои знаат дека имаат градоначалник кој секогаш рационално ги користел средствата од граѓаните и со нив се плаќала најдобрата локална администрација во Рерпублика Македонија, а тоа е онаа од Општина Карпош.
Дел од средствата од буџетот на Општината и натаму ќе се користат за кадровско доекипирање, обуки и совладување на нови вештини и знаења согласно европските стандарди за водење на администрацијата“, изјави во својата реакција градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски.