ЕУ го одобри 13. пакет санкции против Русија

Од:

Европската Унија денеска го одобри 13. пакет санкции против Русија, објави белгиското претседателство со ЕУ на платформата „Х“.

Во новиот пакет на списокот ќе бидат додадени близу 200 субјекти и физички лица, но нема нови мерки против одредени сектори.

Во оваа прилика говореше и Жозеп Борел, шеф на дипломатијата на ЕУ.

„Имаме договор за 13. пакет. Додадовме близу 200 лица и субјекти во нашиот пакет, така што има повеќе од 2.000 луѓе на црната листа на ЕУ. Со овој пакет преземаме многу посилни акции против субјектите кои се вклучени во заобиколувањето на санкциите, како и во воените сектори“, изјави Борел.

Би можело да ве интересира

Европската унија се подготвува да воведе санкции за рускто жито

Грците го прекинаа транспортот на руска нафта

Катерина Ѓуровски

Договорен нов пакет санкции на ЕУ за Русија

Г7: Ќе ја спречиме Русија

Русија може да го ограничи производството на нафта поради западните санкции

Стапува на сила забраната за рускиот дизел