Авионот на „Swiss Era“ е опколен на аеродромот во Барселона по наводното истекување на радиоактивен материјал од куфер во складиштето на авионот, објави денеска „Дејли мејл“.
Тимови за итни случаи, како и специјалисти за радиологија, се повикани на терминалот 1 на аеродромот Ел Прат, чиј дел е затворен поради „излевање на радиоактивен материјал на ниско ниво“, објавија локалните медиуми.
Сите 127 патници на летот на „Свис ер“ од Цирих за Барселона биле замолени да останат во авионот, а истрагата е во тек.