(ВИДЕО) Јанкуловска: Голем удар врз наркомафијата

Од:

Три криминални групи дел од „Франкфурт мафија“ сите државјани на Македонија биле мозокот на операцијата,за трговија со дрога. Од тука ги регрутирале и обучувале членовите но и им давале насоки и инструкци на уличните дилери во Фрнкфурт. Осомничените биле следени од Септември лани.

Заедничката истрага на нашата полиција со германската опфатила 62 лица од кои 44 во Германија и 18 во Македонија. Од оние кои се приведени во Германија 26-мина се македонски државјани. Германската полиција запленила 700 килограми смеса за мешање хероин, 5 килограми чист хероин како и 5 килограми кокаин и над 30.000 евра. Во Македонија полицијаците заплениле 5 килограми хероин кој преку Турција требало да стигне на улиците во Германија.

„На 8 лица од Р.Македонија кои се поврзуваат со гореспоменатите заплени во Франкфурт и против 6 од нив до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција се поднесени три кривични пријави. Едно лице веќе е пријавено и издржува казна затвор, додека друго 31 годишно лице од Свети Николе, инаку познат дилер, кај кого за време на претресот е пронајдена марихуана и амфетамин е пријавен одвоено за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Нему како и на останатите надлежните судови им одредија мерка притвор во траење од 30 дена. На две лица кои не се достапни, мерката им е изречена во отсуство“, изјави министерката Гордана Јанкуловска.

Кај 10 лица полицијата направила претрес под сомнение дека преку нивните фирми во Македонија ги переле парите а во акцијата се вклучила и Упрвата за јавни приходи.

Би можело да ве интересира

Ванг призна дека е кинески агент, доби максимална казна од 10 години затвор

Сменет руски заменик-министер ја заобиколи ФСБ преку Минск и Тбилиси, па наводно пребега во Америка

Иран погуби наводен израелски шпион

Русинка е осудена дека била руски шпион во Естонија

Британија 20 години бараше руски двоен агент во МИ6

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали