Техничкиот премиер Талат Џафери заедно со министерот за обрaзование и наука Јетон Шаќири денес го посетија Универзитетот Тетово и тамошниот нов Студентски дом, што почна да функционира од ноември 2023 година и сместува 300 студенти.
По обиколката на универзитетскиот кампус во изјава за медиумите техничкиот премиер Талат Џафери посочи дека државниот универзитет немаше да биде комплетен без заложбите на Владата за изградба на студентскиот дом.
– Студентскиот дом Тетово е најновиот студентски државен дом во нашата земја, и со него е остварена долгогодишна потреба на студентите кои студираат на универзитетите во Тетово. Тоа е студентски дом кој ги исполнува сите современи стандарди за квалитет. Опремен е со нов инвентар и може да се каже дека овој студентски дом е најмодерниот во државата. Целиот проект чинеше 243.200.000 денари или речиси четири милиони евра. Тетово со овој студентски дом веќе има комплетен универзитетски кампус, а државниот универзитет може да понуди комплетна услуга за академските граѓани. Сигурен сум дека ќе привлече значително зголемен број создавањето на стручни и образовани кадри кои ќе се надградуваат овде о нашата држава и своето знаење ќе го преточат во обезбедување позитивни промени тука во државата, е наш врвен приоритет, истакна Џафери.
Подобрување на квалитетот на живот на студентите останува приоритет, посочија и премиерот и министерот, посочувајќи дека за тоа се определени 25 милиони евра со цел да се реновираат сите девет студентски домови во Скопје, Битола, Прилеп, Штип и Охрид. Обновата на овие домови ќе оди етапно.
– Јас лично сум бил присутен во овој студентски дом повеќе од пет пати и поради таа цел, денес сум најрадосен што се постигна и што во овој студентски дом имаме повеќе од 300 студенти. Треба да продолжиме да работиме за подобри стандарди и подобри услови за сите студенти во нашата земја, во студентски престој во студентски домови има повеќе од 4 илјади студенти. Кон крај на претходната календарска година потпишавме договор со економски оператор за реконструкција на повеќето студентски домови во градот Скопје. Очекувам одредени општини во градот Скопје да ги достават одобренијата за градба и веднаш имаме услови за почнување на работа на тие студентски домови. Треба да се работи за да имаат студентите подобри услови, треба да се работи постепено што подобар и подобар стандард за сите, истакна Јетон Шаќири.
Техничкиот премиер Талат Џафери рече дека за подобрување на квалитетот на живот кај студентите пред повеќе од три години, Владата воведе субвенциониран оброк за студентите, како и нови категории на студентски стипендии.
Тој потенцираше дека студентски оброк добиваат околу 30.000 студенти, а студентски стипендии добиваат 6.500 студенти и дека околу 11.000 студенти кои живеат надвор од местото на студирање добиваат ваучер за превоз, за што се предвидени околу 2 милиони евра од буџетот.