Зеленски жестоко го повика Трамп да излезе на фронт

Од:

Зеленски би сакал Трамп да дојде и со свои очи да ја види на терен војната против Русија. Тој порача дека ако Трамп дојде, заедно ќе одат на првата линија на фронтот.

Трамп, кој во моментов води во анкетите з аизборите во САД многупати изјавува дека кога ќе стане претседател ќе ја прекине помошта кон Украина и ќе ги седне двете завојувани страни на преговарачка маса.

Зеленски, по тој повод, на денешната Минхенска безбедносна конференција го покани Трамп заедно да излезат на фронт, за да се увери во војната.

„Мислам дека ако сме во дијалок за како да ја завршиме војната, треба да им покажеме што тоа значи на луѓето кои носат одлуки. Вистинска војна, а не на Инстаграм“, рече Зеленски.

Тој наведува дека при нападите врз Авдијевка, Русија губела по седум војници на секој еден убиен украински војник. Сепак, ни тоа не ги запрело.

„Русија има само една предност, потполна девалвација на човечкиот живот“, вели Зеленски, нагласувајќи зошто е потребна помош од сојузниците за да се запре агресијата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: И холивудските филмови станаа дел од трговската војна меѓу САД и Кина

ВИДЕО: Украинската војска повторно е на руска територија

Катерина Ѓуровски

Маск наводно побарал од Трамп да ги укине царините

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нетанјаху му попушти за се на Трамп, а не доби ништо

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Европската унија е формирана за да им направи штета на САД

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Кина го сподели говорот на Реган против царините од 1987