Руските сили ја презедоа целосната контрола врз Авдијевка. На Твитер и канали на Телеграм се појавија видеа на кои се гледаат руски знамиња поставени на значајни знаменитости.
— Pluton (@Pluton45873221) February 17, 2024
Рускиот воен канал Операција Z објави дека „падна неосвоивиот бастион на непријателот“, при што било поставено руско знаме на една тврдина.
Истовремено, украинските сили се повлекле, но не е јасно кои се нивните точни намери, ниту пак локацијата. Претходно тие известија дека стратешки се повлекуваат за да спречат гинење на украински војници.