(ВИДЕО) Мицкоски: Редно е ДУИ после 22 години на власт да оди во опозиција

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска беше во општина Охрид на увид на градежни активности каде што, меѓу другото, од новинарите беше запрашан за коментар за окрупнувањето на, условно кажано, албанската опозиција.

Мицкоски истакна дека на обединувањето на повеќето партии во еден опозициски блок гледа како добар чекор за демократијата во Македонија и дека истата ја поздравува и ја поддржува, затоа што веќе е дојдено време после околу 22 години на власт, ДУИ да оди во опозиција.

Додаде дека тоа добро ќе и дојде на партијата и од опозиција да доживее внатрешна катарза, реформирање и реструктуирање.

Како добар чекор за демократијата во Македонија, го поздравувам, до охрабрувам и мислам дека е дојден крајот на нај долговечната политичка партија на власт во Македонија повеќе од 22 години, Демократската унија за интеграција. И добро е да замине конечно во опозиција, да доживее внатрешна катарза, реформирање, реструктуирање и после четири години да ја презентира својата нова понуда со која што граѓаните ќе можат да одлучат дали ќе бидат конкурентни или не.

Би можело да ве интересира

Мицкоски од Брисел: Ние одамна заслуживме да бидеме во ЕУ

СДСМ: Власта ќе носи мигранти за пари од Британија, а ќе ги викаат „економски работници“

Горан Наумовски

Мицкоски: Не постои закана од мигрантски кампови, опозицијата ја дезинформира јавноста

(ВИДЕО) Мицкоски: Буџетот е ликвиден и сите обврски се извршуваат навреме

СДСМ: Прашањето за мигрантите е надлежност на Собранието

Горан Наумовски

Нови лица во Владата и партијата – Мицкоски најави серија кадровски потези