Рускиот тенисер Данил Медведев денеска соопшти дека нема да игра на АТП турнирот во Доха, кој започнува на 19 февруари.
Последен пат Медведев играше на крајот на јануари во финалето на Австралија опен, каде беше поразен од Италијанецот Јаник Синер со 3:6, 3:6, 6:4, 6:4, 6:3.
Рускиот тенисер оваа недела требаше да настапи на АТП турнирот во Ротердам, но се повлече поради повреда. Тој требаше да ја одбрани титулата на турнирот во Холандија.