ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ се виновни за хаосот со документите, а Спасовски треба кривично да одговара – ги ставија граѓаните во „државен притвор“

Од:

Хаосот со промената на личните и патните исправи е резултат на неодговорноста и неспособноста на власта на ДУИ и СДС. Наместо Европа на граѓаните им сервираа државен притвор поради тоа што не организираа процес на промена на исправите, ненавремено и неорганизирано го спроведуваа процесот, не набавиле доволно обрасци и уште десетици други поголеми или помали пропусти, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Ова им го кажуваат и медиумите, и правниците и граѓаните, само тие се обидуваат вината да ја пренесат на ВМРО-ДПМНЕ, на народот или на короната. Овде СДС и ДУИ треба да понесат целосна одговорност за ова фијаско. Во исто време Оливер Спасовски треба кривично да одговара за кршењето на човековите права на државјаните пропишани и со Устав, но и за материјалната и нематеријалната штета која е предизвикана врз граѓаните.

Излезот од овој ќорсокак во кој не доведоа ДУИ и СДС е да се промени законот за патни исправи на истиот начин на кој се направи тоа со законот за безбедност во сообраќајот. Талат Џафери нека не се прави Ајнштајн за право и нека не им попува на правниците, затоа што тој не е правник, туку дезертер. Вака лошо во Македонија никогаш не било, како сега со ДУИ и СДС. Тоа граѓаните го чувствуваат на свој грб и затоа треба да ги поразиме – се вели во партиската реакција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Андоновска: Без оставка на Филипче, СДС нема иднина

А1он

Андоновска: СДС нема иднина се додека Филипче е на чело на партијата

А1он

Јаревски: Стевчо Јакимовски е алиби мајстор кој се плаши од ревизија бидејќи е свесен дека ќе излезат на виделина злоупотребите што ги правел

ВМРО-ДПМНЕ: Стевчо Јакимовски сака да го бетонизира Влае

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: На Скопје не му требаат луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа

Николоски од Брвеница: Со градоначалникот Илиевски ја развиваме Брвеница, опонентите се нервозни, ветуваме специјален буџет за нови проекти