На брегот на Тихиот океан во Калифорнија се случи лизгање на земјиштето, при што дворовите на луксузните домови изградени на брегот на океанот се срушија по карпата. Слична ситуација се случи и минатата година кога богатата населба Сан Клементе ја зафати страшна бура и предизвика лизгање на земјиштето во таа област.
Станува збор за куќи во Дана Поинт со поглед на Тихиот океан, а на снимката се гледа дека тие се буквално на сантиметри оддалечени од бездната.
Одронот се случи откако областа беше зафатена од големо невреме со обилни врнежи во изминатите неколку дена. Инаку, свлечишта и одрони се случија во целиот регион.