Спречен шверц на месо опасно за здравјето – Камион на грчка фирма носел четири тони месо од дивеч во Македонија

Од:

Мобилен тим на Секторот на контрола и истраги спречи шверц на 4,4 тона месо од дивеч ризичен по здравјето на граѓаните, што возач на камион во сопственост на грчка фирма сакал да го внесе во државава.

Месото од дивеч во вредност од 4 милиони денари, ниту било декларирано во царинската декларација ниту пак превозникот за него имал соодветен сертификат, и дозвола од соодветнаta надлежна институција – Агенција за храна и ветеринарство.

На терминал на граничен премин Табановце, инспектори со скенер извршија контрола која што покажа дека во возилото освен декларираната стока има и друга стока која не е опфатена со царинската декларација.

По отворање на возилото во 29 пластични палети е пронајдено замрзнато месо од разен дивеч, зајаци, фазани, еребици, за кои не поседувал никаква документација.

Против сторителот е поднесена кривична пријава заради прекршување на Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

На „Богородица“ запленета е златна плочка која беше сокриена во чевел

Горан Наумовски

Цариниците најдоа злато скриено во чорапи на српско-црногорската граница

А1он

Двајца шверцуваа 65 килограми марихуана, ОЈО бара притвор само за еден од нив

Горан Наумовски

Фајненшл тајмс: Администрацијата на Трамп ќе воведе 100% царини за одредени лекови

Царина: Oткриени 580 парчиња куршуми во автобус, двајца осомничени лишени од слобода

А1он

Цариници запленија 94 пара патики и 620 електронски цигари во товар со пченка

А1он