Џафери – Ангелов: Добрососедски односи и успешна соработка во НАТО и на патот кон ЕУ

Од:

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, се сретна со амбасадорот на Република Бугарија во земјава, Ангел Ангелов.

На состанокот е констатирано дека можноста за двојна средба во една недела – денешната билатерална, по понеделничката заедничка средба со амбасадори на држави членки на ЕУ, ја покажува волјата од двете страни за унапредување на добрососедските односи, како што доликува на држави со европска ориентација. Се разговараше за актуелни прашања од значење за Северна Македонија и Бугарија, за билатералната соработка, како и за одржувањето на стабилноста во регионален и во поширок, европски контекст. И во таа насока, се потенцираше важноста на истакнувањето позитивни примери и позитивни наративи од двете држави, што оди во прилог на јакнење на меѓусебната доверба, како интерес на граѓаните и придонес во европското поведение на регионот.

Премиерот Џафери истакна дека Република Северна Македонија е цврсто определена за дијалог помеѓу државите, што води кон пријателство и заемно почитување на достоинството и изрази очекување дека Северна Македонија и Бугарија ќе имаат можност за неколку години да соработуваат успешно и во Европската Унија, како што тоа сега го прават во рамките на НАТО.

На средбата, од двете страни беше реафирмирана политичката волја за имплементација на меѓусебно преземените договорни односи, и во тој контекст, премиерот Џафери ја реафирмира посветеноста и на Владата кон реализирање на уставните измени во насока на продолжување на евро-интеграцискиот пат на земјата. Воедно, беше потврдена взаемната потреба од продолжување на политичкиот дијалог на сите нивоа и во текот на 2024 година, независно од изборите во нашата држава и претстојната промена на премиер во Бугарија. Како позитивен пример во таа насока, беше посочена н посетата на претседателот на Националното Собрание на Бугарија, Росен Жељазков, минатиот ноември, со кого премиерот Џафери оствари средба од позиција на претседател на Собранието на Република Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

Јавна расправа на Уставен: Апасиев обвинува за политичка дискриминација, Џафери тврди дека станува збор само за пропуштен рок

Катерина Ѓуровски

Џафери ќе му ја предаде функцијата, Мицкоски го почнува мандатот

Талат Џафери стави потпис-си дозволи да се вози во службено возило уште една година

Џафери во чест на Курбан Бајрам: Солидарноста ја облагородува душата и му дава вредност на животот

Пратеничката група на Левица бара да се констатира престанок на мандатот на пратеникот Талат Џафери

Џафери: Се врши изборен инжeнеринг за менување на соодносот на силите во Собранието

Предраг Петровиќ