„Вашингтон пост“: Судиите на Врховниот суд се подготвени да го задржат Трамп на гласачкото ливче

Од:

Американскиот Врховен суд денеска изгледаше подготвен да го задржи Доналд Трамп на гласачкото ливче во државата Колорадо, изразувајќи длабока загриженост дека една американска држава може самостојно да дисквалификува кандидат кој сака да се кандидира за претседател, објави „Вашингтон пост“.

Индикациите од судиите дојдоа кога слушнаа аргументи за невидено прашање – дали на Трамп треба да му биде забрането да гласа поради неговите наводни дејства околу нападот на Капитол на 6 јануари 2021 година.

Судот во Колорадо се повика на 14-тиот амандман на Уставот на САД, кој предвидува дека оние кои учествувале во вооружен бунт, во овој случај во Капитол, не можат да имаат јавна функција.

Би можело да ве интересира

Трамп: Зеленски никогаш не требаше да дозволи војната да започне

Трамп одби да каже дали разговарал со Путин, но смета дека би било паметно да го стори тоа

Избори во САД 2024: Вооружен маж уапсен пред митингот на Трамп во Калифорнија

Нема веќе за што да дискутираме, Трамп одби нова дебата со Харис

Поддржувачите на Трамп масовно го откажуваат Нетфликс

ВИДЕО: Кој победи во потпреседателската дебата во САД