Претседателот на Европската фудбалска унија (УЕФА), Александар Чеферин, денеска соопшти дека нема да се кандидира повторно за оваа функција во 2027 година, пренесува Sky Sports.
Британските медиуми јавуваат дека Чеферин оваа одлука ја соопштил во Париз каде се одржува Конгресот на Европската фудбалска унија.
Исто така, се наведува дека Конгресот на УЕФА донел одлука за промена на Статутот, со што на Чеферин му се овозможува да се кандидира за позицијата прв човек на УЕФА и по завршувањето на актуелниот мандат во 2027 година.
Сепак, Чеферин денеска во Париз одлучи да не се кандидира повторно за функцијата претседател на УЕФА по завршувањето на неговиот мандат во 2027 година.