Турција најави: По завршувањето на административниот дел се очекува Палевски да биде екстрадиран во Македонија

Од:

Министерот за правда Кренар Лога во рамките на дводневната посета на Анкара, оствари средба со министерот за правда на Република Турција, Јилмаз Тунч.
Двајцата министри разговараа за реформите во правосудниот систем, информатичката технологија и продлабочување на соработката помеѓу институциите на двете пријателски земји.

Се дискутираше за големите реформи во правосудниот систем кои се предвидени во развојната Стратегија ( 2024-2028), измени на законот за судски совет, измени на законот за Јавно обвинителство, нов закон за помилување кој е во собраниска постапка како и за законот за извршување на санкции.

Двајцата министри разговараа и за меѓусебната соработка ,многубројните протоколи и меморандуми кои се потпишани во текот на изминатите години.

Договорено е, заедно со министерот на Турција, Јилмаз Тунч во Скопје да се потпише меморандум за соработка на сите нивоа, особено за затворскиот систем со цел да се овозможи ресоцијализација на лицата кои издржуваат казна затвор.

Изразена е подготвеност да се организираат меѓународни и билатерални конференции, студиски посети и програми за обука на правосудните институции.

Искуството на пријателска Турција во областа на правото е големо. Токму поради тоа е побарано од турските власти со нас да ги споделат и напорите за реинтеграција на Одделот за човекови права, Одделението за меѓународни односи, Одделот за судска медиција, Системот UYAP, Одделот за меѓународни односи, Бирото за застапување пред ЕСЧП, Одделението за казнено-попоравни и притвореници во рамките на програмата за ресоцијализација и други прашања.

На средбата со министерот за правда на Република Турција, Јилмаз Тунч се разговараше и за постапката за екстрадиција на Љупчо Палевски.

Министерот за правда Кренар Лога беше информиран од турскиот колега дека судскиот процес за Палевски е завршен и се очекува да завршат и административните процедури.

По завршувањето на административниот дел се очекува Палевски да биде екстрадиран во нашата држава.

Министерот Лога му се заблагодари на Тунч за нивната брза реакција и апсењето на Палевски и посочи дека ова е добар знак за општеството, да се казнат оние кои извршиле злосторство.

Би можело да ве интересира

„Кажете само колку пари треба“, таткото на Вања напишал порака за откуп во погрешна група па ја избришал

Катерина Ѓуровски

Aдвокатот на Палчо вели: Нема можност обвинетиот Палевски да биде поврзан со конкретните кривични дела

Палевски и соработниците седнуваат на обвинителна клупа, почнува судењето за убиството на Вања и Панче

Горан Наумовски

Одобрено е обвинението против Љупчо Палевски

Горан Наумовски

Палевски спроведен пред судија на претходна постапка

Предраг Петровиќ

Десна на Палчо излегува на парламентарни избори: Новиот претседател на партијата носител во единицата

Александар Тодески