На претседателските избори во Русија ќе учествуваат четворица кандидати

Од:

Четворица кандидати ќе учествуваат на изборите за претседател на Русија во март, изјави денеска претседателката на руската Централна изборна комисија (ЦИК) Ела Памфилова.

Таа рече дека ЦИК официјално го регистрирала независниот кандидат Владимир Путин и претставниците на парламентарните партии Леонид Слуцки (ЛДПР), Владислав Даванков (Нови луѓе) и Николај Харитонов (Комунистичка партија на Руската Федерација) како кандидати.

Памфилова рече дека денеска заврши одреден циклус и дека имињата на четворица кандидати ќе се најдат на гласачкото ливче, бидејќи ЦИК на седницата одби да ги пријави Борис Надеждин, Сергеј Малинкович, Анатолиј Баташев и Рада Руска, пренесе РИА Новости.

Надеждин најави дека ќе се жали на таа одлука до Врховниот суд. Советот на Федерацијата закажа претседателски избори во Русија за 17 март 2024 година.

Гласањето ќе трае три дена – 15, 16 и 17 март.

Би можело да ве интересира

Украина: Русија 2.000 пати го прекрши примирјето

Владимир Путин потпиша неколку закони, меѓу кои и Законот за странски агенти

Трамп: Можен е договор меѓу Русија и Украина

Горан Наумовски

Русија влегува во стратешко партнерство со Иран

Зеленски: Соодветно ќе одговориме на руските напади

Москва: Руските вооружени сили продолжуваат со операциите