Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска се сретна со министерот за одбрана на Германија, Борис Писториус, по што се обратија до јавноста.
Претседателот Вучиќ во таа прилика рече дека Србија одлучува сама, а не под ничие влијание и дека е горд на таа политика.
– Горд сум на фактот што претставувам земја која е слободна и независна. И никој не може да ми нареди, никој, ниту од Вашингтон, ниту од Москва, ниту од Берлин, ниту од кое било друго место. Србија сама си носи одлуки, не под ничие влијание, горд сум на таа политика, така ќе биде и во иднина – нагласи Вучиќ.