Две верижни сообраќајки во Москва, има мртви и повредени

Од:

Едно лице загина, а седум се повредени денеска во два одвоени верижни судири во Москва во кои учествувале повеќе од 50 возила.

Првиот верижен судир се случи на автопатот М-4 кај Ступина. Во него учествувале 29 возила, а едно лице загинало, а три се повредени, пренесува РИА.

Уште една голема сообраќајна несреќа се случи на автопатот М-8 во областа Пушкино, во која се судрија 22 автомобили, при што четири лица се повредени.

Во Москва последните денови се влоши времето поради циклонот Олга, а денеска обилни снежни врнежи беа забележани во руската престолнина.

Би можело да ве интересира

Во несреќен случај загина 46-годишен камионџија од Желино

Седум загинати, над 53 повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Пијан возач од Македонски Брод удри во паркиран автомобил

Штипјанец е тешко повреден откако со мотоцикл излета од автопатот Скопје-Куманово

Москва: Руските вооружени сили продолжуваат со операциите

Во сообраќајка загина пратеникот во Собранието на Република Српска, Срѓан Тодоровиќ

Горан Наумовски