На предлог на министрите од СДСМ беше решен проблемот со ФЗО, вработените до ребалансот ќе добиваат плата која што ја добиваат и во текот на месец декември и со тоа тој штрајк верувам дека и денес е веќе ставен во мирување, рече денеска претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање.
Техничката Влада е феномен како резултат на владеењето на ДПМНЕ до 2016 година, потенцираше Ковачевски.
-Техничката влада кај нас е светски феномен кој што не постои никаде во светот. Ние имаме неколку феномени во државата, еден феномен е техничка влада или пржинска влада, втор феномен е СЈО кое што веќе не постои и трет феномен е ОТА агенција која што никаде во свет ја нема и тоа се резултат на начинот на кој што владееше ВМРО-ДПМНЕ до 2016 година. И сметам дека би бил уште еден светски феномен влада која што е задолжена да организира избори да успее да падне. Сметам дека нема да се случи тоа, дека таа влада ќе успее да организира фер демократски избори, за тоа е и зошто доминантно е избрана и дека нормално ќе ги менаџира работите кои што ги има да ги прави до одржувањето на изборите а кои што се однесуваат на регулирање на одредени процеси во државата, рече Ковачевски.