(ВИДЕО) Петрушевска: ПГ на ВМРО-ДПМНЕ оствари средба со студентите и поднесовме измени на законот за студентски оброк по скратена постапка, мнозинството да го прифати

Од:

Ние како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ реализиравме средба со претставниците на студентите, со универзитетското студентско собрание со претседателот Николовски и неговиот тим. Имено, тие до собранието доставија барање за измена и дополна на законот за студентски оброк. Ние како пратеничка група веднаш го поднесовме и оваа прилика ја користам да ја изразам поддршката на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ токму за барањата на студентите, изјави Марија Петрушевска, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

– Законот ќе се најде на утрешната седница, меѓутоа она што забележавме е дека законот е ставен на 23 точка. Оттука ние како пратеничка група ќе побараме ова точка да биде приоритет бидејќи законот го поднесовме во скратена постапка, односно да се најде како прва точка на дневниот ред заради тоа што ценам дека е исклучително важно да има консензус во врска со барањата на студентите. И апсолутно нема потреба да се одолговлекува постапката.

Имено, ќе побараме оваа точка да биде прва точка на дневен ред. Ги повикуваме колегите од пратеничките групи да се приклучат кон ова барање и да го поддржат законот со цел да излеземе во пресрет на потребите и барањата на студентите. И веднаш после тоа бидејќи истиот ќе се најде и на комисијата за финансирање и буџет како предмет, сме подготвени истиот ден да ја повикаме комисијата за финансирање и буџет – рече Петрушевска.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Заврши времето на еднострани отстапки, Македонија бара реципроцитет од Бугарија

Лозановска: Во времето на СДС и ДУИ се нарачуваа судски пресуди и сето тоа доведе довербата на граѓаните во правосудството да падне на цели 2%

СДСМ: Владата потфрли во економијата и ги разочара граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче соработува со лица што го негираат македонскиот идентитет

Министерството за транспорт ги објави четирите понуди за електричните автобуси, тврдењата на СДСМ ги оценуваат како паушални

ВМРО-ДПМНЕ: СДС шири невистина со поништената набавка на 150 електрични автобуси