Си ја запалил куќата, изгорел во пожарот

Од:

Регионалниот ЦУК Штип информираше дека има една жртва при пожар на куќа во село Косевица, во месноста „Реката“.
Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Македонска Каменица денеска во периодот од 07.20 часот до 10.35 часот интервенирале на пожар на запалена куќа. Интервенирано е со две протипожарни возила. Материјалната штета, според неофицијалните информации, била голема.

Според информациите од ЦУК, човекот кој настрадал бил сопственик на куќата која намерно ја запалил. Според првичните информации од терен, жртвата по палењето на куќата, и самата зафатена од пожарот се фрлила во базен во којшто и починала. Точната причина за смртта ќе се знае по истрагата. Моментално, на лице место, се врши увид од страна на надлежни органи и институции.

Би можело да ве интересира

Трагедија го потресе Исламабад: Бебиња загинаа во пожар во болница

ЦУК: Осум пожари се активни, еден е под контрола

Пожарот меѓу селата Горно Чичино и Долно Чичино се прошири и е надвор од контрола

(ВИДЕО) Ставен е под контрола пожарот на Жеден

ЦУК: Активни се седум пожари, два се под контрола

Михаилов: Ова што ни се случува на планината Китка е тероризам