Војската на САД синоќа изврши нов напад врз Хутите во Јемен, ова го потврди Централната команда на Соединетите Американски Држави (Centcom), јавува Би-би-си.
Centcom објавидека американските сили целеле и погодиле противбродски балистички ракети, вклучително и четири противбродски ракети кои „биле спремни да гаѓаат бродови во Црвеното Море“.
Последната акција доаѓа еден ден по заедничките американско-британски напади врз цели на Хутите. Ова е реакција на континуираните напади на Хутите поддржани од Иран врз воени и трговски бродови во Црвеното Море.
Нападите во Хат ги принудија големите бродски компании да избегнуваат пловење по тој пат, што има влијание врз меѓународната трговија.
Заедничките напади на САД и Велика Британија во саботата му претходеа на овој напад, а Хутите ветија дека ќе одговорат на акциите на САД и Велика Британија.
„Овие напади нема да не одвратат од нашиот морален, верски и хуманитарен став за поддршка на палестинскиот народ во Појасот Газа и нема да останат неказнети и неодговорени“, рече воениот портпарол на Хутите, Јахја Сареа.
Претходно Белата куќа предупреди дека воздушните напади врз цели поддржани од Иран во Ирак и Сирија се само „почеток, а не крајот“ на американскиот одговор на Иран.
Советникот за национална безбедност Џејк Саливан за американските медиуми во неделата изјави дека „ќе има повеќе акции“.
Тоа е одговорот на САД за смртта на тројца американски војници во напад со беспилотно летало врз воена база во Јордан минатата недела.
Иран негира каква било вмешаност во нападот, додека милитантната група Исламски отпор во Ирак ја презеде одговорноста за чинот, но САД се сомневаат и го обвинуваат Техеран дека таквите и слични групи се финансирани и вооружени директно од Иран.