Грција ќе гласа и во јуни

Од:

Следниот месец ќе се одржат нови избори во Грција откако денеска не успеаа напорите да се формира Влада.

Ова го потврди и грчкиот претседател Каролос Папуљас според кого утре ќе се формира привремена влада која треба да ги спроведе изборите.

Лидерите на најголемите партии на денешниот четиричасовен состанок не успеаа да дојдат до решение за нова влада, бидејќи ставовите им биле дијаметрално спротивни.

На изборите на 6. мај ниедна партија не доби мнозинство од гласовите, а досега сите обиди да се договорат, пропаднаа.

Во меѓувреме грчката економија уште повеќе тоне, а грчката банка предупреди дека натамошната рецесија уште повеќе ќе ја ослабне грчката економија.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната