ВМРО-ДПМНЕ: Лукаревска и СДС можат да бидат горди, први сме од позади, седум години една шајка не заковаа, државата ја уништија и запустија

Од:

За какви инвестиции зборува Лукаревска, 7 години една шајка не заковаа, државата ја уништија и запустија. Со најголеми буџети од над 5 милијарди, 7 години не можат да го направат патот Охрид Кичево, кој беше оставен со над 60% реализираност. Еден километар од Скопје до Блаце не можат да почнат, а не пак да го направат, еден селски пат немаат направено. Лукаревска е нај неуспешен директор на УЈП. Милиони се испумпаа од УЈП со фиктивни фактури, кога ВМРО-ДПМНЕ објави таа негираше, за сега сама да признае дека имало криминал, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Јавниот долг го зголемија за 70% за 7 години, а лекови за болни нема. Милиони фрлија по тендери, а секоја учебна година почнува без учебници. Државата е колабирана по сите основи. Сите земји од регионот од 2017 до 2023 година имаат раст на БДП по глава на жител над 50%, само Македонија со СДС и ДУИ 20%. Прашањето како е тоа можно? Одговорот е имаме влада која е двојно послаба од владите во сите околни држави од Албанија, преку Србија и Црна Гора до БИХ. Нема држава во регионот која е зад нас. СДС и ДУИ можат да бидат горди, први сме, но од позади. СДС и ДУИ ја уништија државата. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме – се вели во партиското соопштение.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ