Полицијата во индиската држава Химачал Прадеш пронашла четири неидентификувани тела, со што бројот на жртвите од пожарот што ја уништи фабриката за парфеми во индустриската област Бади во Солан се искачи на пет.
Повеќе од 30 лица се повредени во пожарот, а девет лица се уште се водат како исчезнати, пишува Hindustan Times.
„Пронајдените тела се јагленосани до непрепознатливост. Во фабриката за парфеми имаше 85 работници кога избувна пожарот“, изјави генералниот директор на полицијата Сањаи Кунду.