Српскиот кошаркар Никола Јокиќ е новиот лидер во трката за најкорисен играч (МВП) на НБА лигата, објавено е денеска на веб-страницата на натпреварувањето.
Јокиќ во победата на Денвер над Портланд (120:108) имаше 27 поени, 22 скока и 12 асистенции, што е негов 15-ти трипл-дабл сезонава.
Благодарение на тоа, но и на одличната недела зад себе на терените во НБА, Србинот на првото место го замени бранителот на титулата Џоел Ембиид, кој сега падна на третата позиција.
Заедно со Јокиќ, центарот на Филаделфија го прескокна и Шаи Гиљуз Александар од Оклахома и сега е втор.