Скопје во европскиот врв според транс-маснотии опасни по здравјето

Од:

Балканските метрополи доминираат на врвот на табелата во Европа според продажба на прехранбени производи кои содржат транс-маснотии опасни по здравјето, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

На самиот врв е Сараево со 82 производи во продажната мрежа. Следи Скопје со 41 производ, Белград со 32, Загреб со 29, Подгорица со 23 и Љубљана со 20 производи од споменатата ризична категорија.

Интересно е дека во рамки на истражувањето, спроведено под раководство на данскиот доктор и експерт за транс-маснотии, Стин Сендер, високо на табелата се најде и еден од големите скандинавски урбани центри, односно Малме во Шведска со 24 производи што содржат транс-маснотии.

– Купишта слатки и други производи што содржат екстремно високи нивоа на транс-маснотии се продаваат во Малме. Тоа е дозволено во Шведска, но во Данска е на сила строга забрана за продажба на такви производи, вели Стин Стендер.

Забраната е присутна и во други земји, како, на пример, во Австрија и Исланд.

Транс-маснотии се вегетабилни, незаситени маснотии кои имаат поцврста конзистенција и подолга трајност преку заситување на вештачки начин.

Ризиците поврзани со транс-маснотии повеќе не се сметаат за контроверзни. Една студија изготвена на Харвард покажува дека веќе од 2007 година 200.000 смртни случаи врз основ на срцев инфаркт можеле да бидат избегнати во САД секоја година доколку транс-маснотиите биле сосема отстранети, пишува „Свенска дагбладет“.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска