Голема експлозија на гас во главниот град на Кенија, Најроби, загинаа најмалку две лица, а повредени се најмалку 222. Камион со гас експлодираше во областа Ембакаси околу 23:30 часот, „предизвикувајќи голем пожар“, изјави владиниот портпарол Исак Мваура. .
Оштетени се станбени згради, деловни згради и автомобили, а на видеото се гледа како голем пожар беснее во близина на станбените блокови. Претходно владата соопшти дека експлозијата се случила во фабрика за гас. Причината се уште се утврдува.
WATCH: Massive gas explosion in Nairobi, Kenya. At least 2 dead, 167 injured. Death toll expected to rise pic.twitter.com/cfle9onXYT
— BNO News (@BNONews) February 2, 2024
Пожарот се проширил низ неколку населени места. Очевидци изјавија за локалните медиуми дека почувствувале потреси веднаш по експлозијата. Многумина од повредените наводно имаат повреди при вдишување, а меѓу нив има најмалку 25 деца, пишува весникот Стандард.
„Бев изгорена од експлодирана цистерна за гас додека се обидував да избегам“, изјави за Ројтерс една од повредените, Бонифасис Сифуна. „Експлодираше точно пред мене, ударот ме собори и ме зафати пламен. Имам среќа што бев доволно силна да излезам.
Кенискиот Црвен крст објави на социјалните мрежи дека екипажите „неуморно се борат со пламените јазици“. Мваура рече дека местото на експлозијата е обезбедено и формиран е команден центар за да помогне во координирањето на спасувачките операции.